gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Не само што топлата вода помага да се стимулира дигестивниот тракт, но исто така лимонот стимулира прочистување на црниот дроб, камен на бубрег и служи како здрав пијалак.

Започнете го Вашиот ден, така што ќе се напиете топла вода во која сте исцедиле лимон и ќе направите добар за вашето здравје.

Помага при варење на храната
Не само што топлата вода помага да се стимулира дигестивниот тракт, но, исто така и стимулира прочистување на црниот дроб. Покрај тоа, придонесува за подобро работење на стомачните киселини.

Имунолошкиот систем
Цитрусите се богати со витамин Ц и аскорбинската киселина. Витаминот Ц помага во борбата против настинки и аскорбинска киселина помага во апсорпцијата на железото, што е исто така важно за функционирањето на имунолошкиот систем.

Рамнотежа на pH вредности
Ако дојде до хронична нерамнотежа на рН вредноста на организмот, полесно доаѓа до болест. Во воспоставување на оваа рамнотежа лимонот игра важна улога.

Детоксикација
Лимонот помага да ги избрка штетните материи од телото и е природен диуретик, што значи дека го поддржува отстранувањето на вишокот на течности, а со тоа и различни токсини. Покрај тоа, лимонска киселина, помага во формирањето на ензими потребни за функционирање на црниот дроб.

Кожа
Хронична дехидратација води до тоа вашата кожа да изгледа сува и испукана. Витаминот Ц игра витална улога во одржувањето на здрава кожа и помага на антиоксидансите во борбата против стареењето.

Дава енергија
Комбинација на вода и лимон помага во освежување на крвта, што прави да се чувствувате ентузијастички и лесно и подготвени за секојдневните задачи.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box