gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург в сабота ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар оваа календарска година во оваа лига.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес смета дека овој натпревар против Металург е важен за нив бидејќи, како што кажа, сакаат да ја одбранат титулата во СЕХА лигата.

- Ова е важен натпревар за нас бидејќи целта ни е да ја одбраниме титулата во СЕХА лигата. Треба да се пласираме во „фајнал фор“ а за такво нешто треба да ги победиме екипите како што е Металург кој е еден од ривалите за освојување на титулата, истакна Гонзалес на денешната прес-конференција.

Додаде  дека најважно за Вардар е Лигата на шампионите каде што почетокот е многу важен и треба да се освојуваат бодови на сите натпревари.

За капитенот Филип Лазаров овој натпревар е важен и за двете екипи и ќе биде подготовка за Лигата на шапиони, а натпреварите во СЕХА лигата ќе се искористат за подобро воигрување и проверка на физичката подготвеност.

- Во сабота играме на домашен терен. Сметам дека оваа сезона сме поквалитетни од минатата со  засилувањата кои имаат големо искуство како што се освојувње на Лигата на шампиони и на медали на европските и светски првенства.

Според мене, на домашен терен можеме да се прогласиме за фаворити против било која екипа од Европа па и против Металург која е исклучително квалитетна, истакна Лазаров

Натпреварот Вардар - Металург е од 2.коло на СЕХА, а почетокот на дуелот во СЦ „Кале“ е во 20 часот и 15 минути.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode