gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Извршниот комитет на УЕФА ги одреди градовите и стадиони домаќини за финалните натпревари во сезоната 2015/2016.

Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Милано на стадионот „Сан Сиро“. На овој стадион беше одиграно финалето во 2001 година кога Баерн ја победи Валенсија.

Финалето во Лига Европа ќе се игра на стадионот „Санкт Јакоб“ во Базел, Швајцарија. Дуелот од Супер купот во 2016 година ќе се игра во норвешкиот град Трондхајм. На овој натпревар играат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа. 

Оваа сезона финалните натпревари ќе се играат на „Олимпискиот стадион“ во Берлин 6 јуни 2015 година (Лига на шампиони) и на стадионот во Варшава на 27 мај 2015 година (Лига Европа).

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode