gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Тренерот на Металург Лино Червар и покрај поразот синоќа од Пари Сен Жермен изрази задоволство од прикажаното од неговите избраници.

- Немам забелешки за играта на мојот тим и нема од што да се срамиме за поразот од големиот фаворит. Напротив, многу сме горди. Навистина би било неправедно од мене да бидам незадоволен од залагањето на моите ракометари. Тие играа против тим на кој му недостигаше само Никола Карабатиќ за да биде комплетна репрезентација на Франција.

Добро се држевме во поголемиот дел од мечот, додека не ни падна концентрацијата, а квалитетните ракометари на ПСЖ знаеја тоа да го искористат. Нашиот најмлад играч Липовина беше најефикасен од надворешните позиции на теренот. Навистина не е лесно да се бие преку толку висока зона на противничкиот гол на кој се наоѓа еден Омејер, изјави хрватскиот стручњак по натпреварот.

Червар констатира дека противникот одлично ја поставил одбрната кон Павел Атман, а за Наумче Мојсовски рече дека се уште не е стопроцентно подготвен и поради тоа не може да прикаже игри како пред тешката повреда на коленото.

Металург синоќа на домашен терен во 1.коло од Лигата на шампионите загуби од ПСЖ со 27:22.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode