gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Фуриозниот настап пред шесте илјади посетители во новата арена на СЦ „Јане Сандански“ за ракометарите на Вардар беше дополнителен мотив на дуелот со Чеховски Медведи во Лигата на шампиони, кој црвено-црните го добија со 39:28.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата призна дека постоел притисокот пред натпреварот, но дека неговите избраници на најдобар можен начин се справиле со тоа.

Иако, гледајќи го конечниот резултат, навидум победата црвено-црните ја извојувале лесно, сепак дека не е така потврди и вториот стрелец на овој дуел Алекс Душебаев кој се сложи со својот тренер. - Ова беше сериозен меч, за нас, прв во новата сала. Сите гледачи, сите љубители на ракометот од Македонија посакуваа победа. Ние ја остваривме и ова за нас беше среќен ден, дополни Душебаев.

Првиот стрелец Тимур Дибиров, кој постигна 9 голови, не ги криеше импресиите од атмосферата во салата, како и задоволството од одличниот настап на целиот тим.

- Демонстриравме одлична игра во одбрана. Така ќе биде и во иднина. Тука, во Скопје, нема екипа што може да не победи, изјави Дибиров, кој со 19 постигнати голови на двата натпревара е првиот стрелец на Вардар во Лигата на шампиони.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode