gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Швајцарецот Рожер Федерер по триумфот на турнирот во Шангај, го искористи и лошиот резултат на Рафаел Надал и се проби на второто место на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ.

Првопласираниот Ѓоковиќ има 11.510 поени, додека Федерер собра 9.080.
Надал со 8.105 е на третата позиција, а зад него се Стан Вавринка со 5.385 и Давид Ферер – 4.585.

Вавринка и Ферер се загрозени од Кеи Нишикори и од Томаш Бердих, кој во овој период имаат подобри резултати (Нишикори – 4.355 поени, Бердих – 4.325).

За одбележување е дека и македонскиот тенисер Томислав Јотовски го подобри својот пласман – 562 место, што е негов најдобар ранг во кариерата.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode