gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампионите тимот на Вардар е во групата на шест екипи (Веспрем, ПСЖ, Колдинг, Барселона, Вардар, Киелце), кои имаат максимален учинок по трите одиграни кола. „Црвено-црните“ синоќа во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ го победија бундеслигашот Рајн Некар Ловен со 28:25 (13:13).

Сигурната игра продолжи до самиот финиш на задоволство на полните трибини, а во 51.минута беше и највисоката предност за Вардар – 25:18. Во финишот на дуелот гостите со серија од 3:0 го ублажија поразот.

Најефикасен беше Александар Петерсон со седум голови, а кај Вардар Матјаж Брумен постигна шест, додека по пет имаа Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Арпад Штербик натпреварот го заврши со 15 одбрани.

Во следното коло Вардар гостува кај Монпеље во Франција.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode