gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Поради бојкот на играчите, македонските ракометен шампион Металург утрово не отпатува во Загреб каде против хрватскиот шампион требаше да го игра дуелот од 6.коло од регионалната СЕХА лига, објавија дел од македонските медиуми.

Ваквата информација е потврдена и преку Твитер профилот на РК Загреб, а доаѓа по синоќешните превирања во тимот од Автокоманда и неизвесноста дали ќе се оди на гостувањето кај Загреб. Играчите незадоволни од неисплатените долгови кон нив одбија да тренираат.

Ракометарите на Металург најавија дека денеска ќе излезат со заеднички став околу причините за штрајкот, проблемите, ветените а неисплатени плати.

Раководството се уште нема соопштено официјален став за новонастаната ситуација во клубот и евентуални следни чекори кои ќе бидат преземени за разрешување на проблемите.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode