gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Едно неодамна спроведено истражување покажа колку е важна разликата во годините за долготрајност на врските.

Истражувањето кое опфатило 3.000 испитаници, покажува дека колку што е поголема разликата во годините, толку е и поголема стапката на разводи.

Имено, петогодишната разлика во годините меѓу партнерите значи дека имате 18 проценти поголема шанса да се разведете од двојка која е на иста воздраст.

Оваа стапка се зголемува на 39 проценти, ако меѓу разликата е десет години и дури на шокантни 95 проценти, ако пертнерите ги делат 20 години разлика.

Поголемата разлика во годините влијае и врз сексуалниот живот на брачната двојка. Психотерапевтот од Беверли Хилс, Френ Волфиш вели дека сексуалниот нагон се зголемува кај жените во средни години, додека кај мажите на таа возраст опаѓа.

Сепак не е се така црно - штом сте подолго заедно, помала е шансата за развод. Останете заедно барем две години и веќе ќе имате 43 проценти помали шанси дека ќе се разделите.

Ако издржите до десет години брак, имате 94 проценти помали шанси за развод.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box