gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се очекува својот деби настап за Баерн Минхен да го има денеска против Барселона во Евролигата.

Германскиот клуб преку својата веб страна потврди дека сите документи за Мекејлеб се комплетирани и дека тој можеби уште денес ќе се појави во составот предводен од Светислав Пешиќ.

Американецот со македонски пасош има договор со Баерн за  едномесечна соработка со можност по истекот на овој договор да се склучи нов подолгорочен.

-Во овој момент Баерн е најдобриот избор за мене и со нетрпение чекам да заиграм, изјави Мекејлеб по потпишувањето на договорот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode