gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

По освојувањето на Вимблдон минатото лето сите се прашуваа дали тенисерот, Енди Мареј кончено ќе и предложи брак на својата девојка. И тој навистина тоа го направи. Славниот тенисер ја побара за жена Ким Сиерс со која во врска се веќе девет години, а таа веднаш рече „да“, пишува „Дејли Мејл“.

Извори открија дека двојката сакала уште некое време во тајност да биде нивната веридба, а се уште не ги направиле ниту плановите за венчавката. Мареј (27) веста не ја споделил ни со членовите на семејството. Неговата мајка била воодушевена кога слушнала дека синот се верил, а бабата рекла дека слушнала само гласини.

Ким тенисерот го запознала во 2005 година кога имала 17 години, а нивната љубов ги издржа сите предизвици и наскоро тие ќе ја крунисаат со брак.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode