gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометарите на Металург в сабота го играат натпреварот против Брест Мешков во Лигата на шампионите, на кој очекуваат голема поддршка од трибините.

Од вчера напладне пуштени се во продажбата на влезници за натпреварот од 8.коло на Лигата на шампионите, против Брест Мешков.
„Тоа е последната средба од Лигата на шампионите во 2014 година и добра можност за зголемување на нашето бодовно салдо.

Иако скромни, шанси за пласман во следната фаза се уште има и затоа победата на оваа средба е од исклучително значење за нашиот тим. Ракометарите на Металург и оваа средба ја посветуваат на своите верни навивачи и очекуваат тие повторно да бидат нашиот осми играч’’ се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на клубот.

За овој натпревар, цените на влезниците изнесуваат: 150, 200, 250 и 300 денари и ќе се продаваат во продажната мрежа на „ОНЕ“ и онлајн на www.karti.com.mk. Сите оние што ќе купат онлајн-влезници, ваучерите ќе можат да ги заменат во билетарата на СЦ „Борис Трајковски’’ на денот на одржување на натпреварот.

Средбата ќе се одигра во сабота, на 6 декември, со почеток во 19 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode