gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најновиот филм од серијата за британскиот таен агент Џемс Бонд ќе носи наслов „СПЕКТРА“ ште е кратенка за измислената, тајна, меѓународна криминална организација.
Режисер на овој филм, чие снимање пчнува веќе од идната недела, а својата премиера ќе ја има на 23 октомври 2015 година во Лондон, е Сем Мендес кој го режираше и претходниот филм за тајниот агент 007, кој работи за нејзиното височество, британската кралица.

Улогата на Бонд по четврти пат ја има британскиот актер Даниел Крајг (46) а неговите женски партнерки, овојпат се, италијанската актерка Моника Белучи и Французинката Леа Сејдо.
 
„Негативецот„ во најновиот филм за Бонд, ќе биде двојниот „оскаровец„ Кристоф Волц.
 
Во овој филм,Џемс Бонд е во специјална мисија против организацијата СПЕКТРА  која војува со контраразузначките агенции, спроведувајќи одмазди и измачување. Нејзин лидер е „злогласниот“ Ернст Ставро Блофелд.
 
Овој лик на „опасен негативец“ е присутен во неколку поранешни, постари филмови од серијата за Џемс Бонд, како што тоа се случува и со „криминаланата организација„ за која продуцентите на Бонд филмовите водеа со години судски спор со неколку филмски студија кои снимија филмови користејќи го истото име за криминални организации со глобална разместеност.
 
Спорот го доби екипата која работи на филмовите за ликот од романите на Иан Флеминг, дури оваа година, но ниту Мендес, а ниту продуцентите не откриваат дали Волц ќе го толкува ликот на шефот на СПЕКТРА.
 
Даниел Крајг кој беше на специјалната прес-конференција и промоција на идниот филмски проект во „Пајнвуд“ студијата во околината на Лондон, изрази задоволство од „силниот сет“ за овој филм но и тој одби да соопшти дали Волц ќе биде „страшниот“ Блофелд.
 
Режисерот Мендес соопШти дека во новиот филм се враќаат ликовите на секретарката Манипени и на експертот за технолошки иновации „Кју“ а наместо Џуди Денч, за шеф на Бон и на таната служба, познат по кодираното име „М“ овојпат е избран Ралф Фајнс.
 
Филмот ќе се снима во Лондон, Рим, Мексико Сити и во Мароко. Агентот Бонд и во овој филм ќе вози „Астон Мартин“.Оваа британска марка на ексклузивни возила првпат се појави во оваа серија филмови уште во 1964 година, во филмот „Голдфингер„ кога како Бонд настапуваше Шон Конери.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode