gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пред осум години му биле понудени 100 илјади долари да намести еден меч, јави „USA Today“.

Српскиот тенисер наводно ја одбил понудата и како што рече, голем број тенисери не ни помислуваат да се впуштат во такво нешто, но потенцира дека во реално во тенисот постојат и нечесни работи.

- Ми пријдоа непознати лица и ми понудија 100 илјади долари да загубам меч.  Ги одбив со образложение дека не сакам да сум дел од илегални работи. Сепак во реалноста се случуваат и такви нешта. Има многу можности да се дојде до простории, згради, кафулиња, каде тенисерите обично се движат и да се добијат информации за евентуални повреди, дали ќе се игра максимално ангажирано и слично. Треба да се спротивставиме на измамите во тенисот, изјави Ѓоковиќ.

За сега не е познато колку проблемот со наместени мечеви во тенисот е распространет. Од септември 2008 година кога е формирана Единицата за тениски интегритет изречени се 11 суспензии, од кои пет доживотни.

- Не смее да се дозволи на лицата кои се занимаваат со валкани работи да влезат во нашиот спорт кој е чист. Тоа би било голем проблем, истакна првиот човек на АТП Крис Кермонд.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode