gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Екипата на ЖРК Вардар го победи Копенхаген со 31:14, на првиот подготвителен натпревар меѓу овие две екипи што синоќа се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Црвено-црните ја најавија победата против данскиот состав уште во првиот дел, кој што заврши со предност за нашата екипа од 14:9. 

Дембеле беше најефикасна во домашниот состав со шест гола, додека Лазовиќ, Николиќ и Лекиќ постигнаа по четири.

И двете нови ракометарки во ростерот на Кастратовиќ, Робертина Меческа и Итана Грбиќ успеаја да се запишат во листата на стрелците на овој дуел. Пикерот постигна три гола, додека левото крило упати еден прецизен удар.
Утре двете екипи ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode