gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Еден од клучните ракометари во одбраната на македонската репрезентација Ацо Јоноски на вчерашниот дуел со Хрватска го повреди скочниот зглоб на десната нога и е неизвесен за утрешната средба со Австрија.

Според последните информации зглобот на Јоноски е отечен, а лекарскиот тим на репрезентацијата е во обид да ја санира неговата повреда и да го оспособи за утрешниот меч.

- Врз него денеска ќе бидат извршени детални лекарски прегледи. Тој најверојатно ќе го пропушти денешниот тренинг, но се надеваме дека ќе биде во можност да настапи на утрешниот дуел, изјави репрезентативниот доктор Никола Панчевски.

Македонија утре со Австрија ќе се бори за второто место во Б групата и добивање условно полесен противник во осминафиналната фаза на Мундијалот во Катар.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode