gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Атрактивната глумица Џенифер Гарнер беше на екстремна диета додека работеше на серијата „Алиас“, каде глумеше агент на ЦИА, а која се емитуваше од 2001 до 2006 година. Овој долг период оставил белег на неа, и како што таа тврди, екстремните диети станале дел од нејзиниот живот.

- Толку долго бев на диета работејќи на серијата Алиас и работејќи на своето тело за да изгледам како суперхерој што веќе ништо од тоа не го сметам за екстремно. Сите калории кои ги внесувам се уште ги бројам.

Едноставно не можам да престанам да мислам „Ако симнам два килограми ќе влезам во овој фустан. Тоа стана дел од мене, вели Гарнер.

Таа вели дека најчесто јаде салати, но има и храна од која никогаш не се откажала.
- Сфатив дека не можам да минам покрај пицерија, а да не изедам барем парче. Моите деца сакаат пица. Не можам да одам на роденденска забава, а да не пробам, вели актерката, која е сопруга на познатиот глумец Бен Афлек.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode