gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Иако новата година е „стара“ само 26 дена, критичарите веќе го избраа нивниот „најлош филм во 2015 година“.
Според пишувањето на „Хафингтон Пост“, филмот „Мортдекај“ е „психотично најсмешна антикомедија со Џони Деп“, а тој уште полошо минува и на други места. На „Ротен Томато“ моментно е на десетото место меѓу десетте најлоши филмови од минатата година.

Тука се и најлошите коментари на критичарите:
- „Лошото“ се надви над публиката како нуклеарен пепел - Дејвид Еделстајн (Њујорк Тајмс).
- Деп е неподнослив - Стивен Вити (Њуарк Стар).
- Деп има направено многу подобри работи од ова заборавено парче на ниската уметност од некој подрум - Брајан Труит (Ју-Ес-Еј Тудеј).
- „Мортдекај“ е страшен, смртен грев во форма на филм, кој е подготвен за филма мртовечница - Кајли Смит (Њујорк Пост).
- Оваа фаза без шарм завршува како уште една црна дамка во низата на Деп во последно време - Стивен Салтон (Холивуд Репотер).
- Џони Деп направи толку многу за нас. Му возвраќаме и се правиме дека „Мортдекај“; кој е загрижувачки погрешна проценка од дното на неговата кариерата, никогаш не се случил - Елизабет Витцман (Њујорк Дејли Њуз).
- Неверојатен хаос - Џон Лиус (ХејЈуГајс).

Режисер на филмот е Дејвид Коп, а во него освен Деп се појавуваат и ѕвездите Гвинет Полтроу, Пол Бетани, Јуан Мекгрегор и Оливија Мун.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode