Напишано од Надица Среда, 28 Јануари 2015 11:26
Британската актерка Ема Вотсон, која се прослави со серијалот филмови за Хари Потер, ја доби улогата за која сигурно сонува секое девојче.
Имено, „Дизни“ одлучи да ја екранизира популарната приказна „Убавицата и Ѕверот“, а продуцентите за улогата на Бел ја избраа 24-годишната Вотсон.
Филмот ќе го режира Бил Кондонкој, кој го режираше и фимот „The Twilight Saga: Breaking Dawn“, додека сценариото е на Стивен Чобски.
Конечно можам да ви кажам... Ќе ја играм Бел во новиот филм „Убавицата и Ѕверот“. Таа приказна играшр важна улога во моето растење, па речиси ми е неверојатно да замислам дека ќе играм на „Be Our Guest“ и ќе ја пеам „Something There“. Шестогодишното девојче во мене плаче од среќа.
Време е за часови по пеење. Нетрпеливо очекувам да го видите филмот, напиша Ема на Фејсбук:.
Екранизацијата на „Убавицата и Ѕверот“ следи по филмот „Пепелашка“, а „Дизни“ наводно подготвува и филмска адаптација на „Книгата за џунглата“.