gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со дуелите од полуфиналето, започнува разврската на Светското ракометно првенство во Катар.

Во првиот полуфинален меч кој ќе започне од 16 часот и 30 минути ќе играат Катар и Полска.

Во битката за финалето, домаќинот Катар ќе ја има поддршката од трибините, во обид да стане првата не европска репрезентација која успеала да обезбеди пласман во финалето. За остварување на целта Катарците ќе треба да ја минат Полска, која на овој шампионат потврди дека има одлична генерација, кој пак ќе се обиде да го достигне резултатот на генерацијата која во 2007 година го освои сребрениот медал, а  потоа и евентуално да го надмине.

Втората полуфинална средба е во терминот од 19 часот, а истата со право го носи епитетот „финале пред финалето’’. Причината едноставна, бодејќи во него ќе играат актуелниот светски првак и бранител на трофејот од пред две години Шпанија, против актуелниот олимписки и европски шампион репрезентацијата на Франција.

„Црвената фурија„ ќе се обиде да ја продолжи низата од 10 победи на големите натпреварувања, која трае од 14 јануари 2014, кога Шпанија за последен пат беше поразена и тоа токму од Франција на Европскиот шампионат  во Данска. Гледајќи ја традицијата, Шпанците се надеваат дека со евентуален пласман во финалето тие би го одбраниле шампионскиот трофеј. Имено, Шпанија досега двапати го има минато полуфиналето, а потоа и освоено светската шампионска круна

„Триколорите„ со свои мотиви. Доколку Франција се пласира во своето шесто финале на Мундијалите, како и нивниот противник Шпанија, се надеваат на целосен успех, бидејќи во досегашните пет финални натпревари Французите имаа загубено само еден меч.

Сепак, најголемиот мотив за Французите е обидот за обединување на титулите во трите најголеми натпреварувања. Доколку Франција, ја мине Шпанија во полуфиналето, а потоа успее да триумфира и во финалето, оваа земја ќе стане првата која успеала истовремено да биде, европски, светски и олимписки шампион.
 
Кој ќе биде епилогот и кои селекции за каков медал ќе се борат, останува да ги сочекаме исходите од полуфиналните натпревари.
 
Инаку, покрај полуфиналните средби, денеска се играат и натпреварите за пласман од 5 до 8.место, во кои ќе разигруваат, Хрватска – Германија и Данска – Словенија.
 
Дуелите за медал на програмата се во недела.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode