gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Секој актер кој го играл ликот на британскиот таен агент 007 во еден момент на кариерата се соочува со фактот дека таа улога мора да ја остави на неговиот наследник.

Некои се среќни кога ќе се ослободат од филмскиот лик со кој поголемиот дел од гледачите ги идентификуват и се обидуваат да ја продолжат кариерата играјќи целосно други карактери.

Други, пак, имат проблем со дистанцирањето од улогата која им ја прослави кариерата, пишува ХРТ.

Во најновите реклами за СУВ Соренто, Киа се пошегува на оваа тема со славниот британски актер, Пирс Броснан кој го толкуваше ликот на Џејмс Бонд во четири филма за тајниот агент 007 во периодот од 1995 до 2002 година.

Додека Броснан во рекламата и понатаму сонува за улогата на акционен херој, режисерот му нуди совршено бегство „од таков карактер преку филм со целосно различен жанр, а Киа тврди дека за такво бегство има соодветно возило- новото Соренто.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode