Напишано од Надица Четврток, 05 Февруари 2015 11:10
Холивудскиот актер, Џони Деп и неговата вереница, актерката Амбер Херд се венчаа во вторникот во Лос Анџелес, објавија денеска американските таблоиди „Пипл“ и „Ју-ес викли“.
Свадбената церемонија се одржа во куќата на Деп во Вест Холивуд.
Медиумите порано најавија дека на свадбата се поканети и децата на Деп од неговата врска со француската актерка и пејачка, Ванеса Паради, Лили-Роуз (15) и Џек (12).
Џони Деп (51) и Амбр Херд (28) една година се верени. Деп во јуни 2012 година ја објави разделбата од Ванеса Паради со кој беше 14 години во невенчан брак.
Медиумите тогаш веќе се шпекулираа дека постои љубовна врска меѓу Деп и Амбер Херд со која се запозна на филмот „Дневници на румот“ од 2011 година.
Деп, добитник на три Оскари, познат е по улогите на необични и ексцентрични ликови какви што се јунакот од филмот „Свини Тод: Пеколен берберин од улицата Флит“, Џек Спароу во серијалот „Пирати од Карибите“ и Вили Вонка во филмот „Чарли и фабриката за чоколади“.
Амбер Херд која играше во филмот „Зомбиланд“ 2010 во говорот на свеченоста на една американска организација на хомосексуалци и лезбејки (GLAAD) објави дека е бисексуалка.
- Сакам кога сакам, а најважно ми е каква е личноста.