gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Јавното обвинителство на Париз побара познатиот ракометар Никола Карабатиќ и 16 други лица да бидат обвинети во рамки на аферата за местење на ракометни натпревари во францускиот шампионат во соработка со спортските обложаваници, јави дописникот на МИА од Париз.

Според Јавното обвинителство, за Карабатиќ и за 16-те други лица постојат сомнежи дека учествувале во местење на натпреварот на Монпеље, односно дека се обложиле за резултатот на полувремето меѓу Монпеље и Цесон.

Карабатиќ и другите играчи на Монпеље се обложиле против сопствената екипа, за која се смета дека намерно губела на полувремето во мај 2012, со што заработиле 80.000 евра.

Оваа судска афера, доаѓа само неколку дена откако ракометната селекција на Франција, предводена од Карабатиќ повторно стана светски шампион во Катар.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode