gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека не гледа никаква разлика во играта на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ откога го тренира Борис Бекер.

- Да бидам искрен не гледам никаква разлика во играта на Новак сега, во споредба со периодот кога не му беше тренер Бекер. Германецот не го направи подобар, истакна Мареј.

Сепак, Шкотланѓанецот за резултатите на Ѓоковиќ вели дека се фантастични.

Тој се осврна и на неговата соработка со новиот тренер, Французинката Амели Морезмо.

- Таа ме направи многу подобар. Критиките од медиумите упатени кон неа се неосновани и се израз на непочитување, додаде Мареј.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode