gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометарите на Вардар со бод предност влегуваат во клучниот натпревар за второто место во групата Ц од Лигата на шампионите. Нивниот директен конкурент Рајн Некар Ловен утревечер на домашен терен ги пречекува „црвено-црните“. Вардар има 13 бодови, а бундеслигашот Рајн Некар Ловен 12. На првиот натпревар одигран во Скопје беше 28:25 за Вардар.

Тимот на Рајн Некар Ловен има максимален учинок на домашен терен и тоа е секако голема предност во пресрет на важниот натпревар, а тие се единствените кои на убедлив начин го победија првиот во групата Веспрем со 32:25. Во редовите на германскиот тим најавуваат победа, но и се внимателни дека Вардар предводен од Тимур Дибиров може да биде незгоден противник.

Важноста на натпреварот е голема особено што второпласираната екипа од групата во осминафиналето реванш дуелот го игра на домашен терен. Инаку и двете екипи се веќе пласирани во ТОП 16 фазата.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалез на дуелот во Германија отпатува без Немања Прибак, кој е повреден и изминативе денови не тренираше и голманот на македонската репрезентација Петар Ангелов, кој во Скопје остана поради ротацијата на голманската позиција што ја прави тренерот.

Натпреварот Рајн Некар Ловен – Вардар се игра утре во 21 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode