gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Препирки и женски права, го одбележаа доделувањето на Оскарот.

Овогодишното доделување на Оскарот, поминало мирно и без поголеми случки, меѓутоа неколку ситуации насмеале и малку го зачиниле доделувањето на наградите за најголеми достигнувања во филмската индустрија.

Ви донесуваме топ 5 највпечатливи моменти на доделување на наградите Оскар.

-Најголем победник на Оскарот 2015 е филмот „ Birdman “

Домаќинот на овогодишното доделување Neil Patrick Harris (41) пробал да го надмине прошлогодишниот водител, па на сцена излегол облечен само во долна облека, реферирајќи на  сцена од филмот „Birdman “.

- Глумењето е племенита професија-изјавил на сцената Neil Patrick Harris и потикнал одушевување од многу колеги.


Patricia Arqette (46), својот говор за најдобра споредна улога, го искористила како би подсетила на важноста на рамноправноста на актерките во однос на актерите во Америка. Со тоа добила голем број овации од публиката, посебно од Meryl Streep (65) и Jennifer Lopez (45) кои со аплауз и одушевување го поздравиле нејзиниот апел.

Славната мајка Melanie Griffith (57)  и ќерка Dakota Jonson (25), пристигнале заедно на доделување на Оскарот и по тој повод имале неколку кратки новинарски интервјуа. На прашање на новинарката дали го видела филмот на ќерката, Melanie одговорила, не, и дека не планира да го гледа зашто би и било многу непријатно, а тој комемтар многу ја налутил младата актерка.По мала препирка помеѓу мајката и ќерката, младата глумица изјавила дека и не мора да го види филмот.

Освојувајќи го Оскарот за главна актерка Julianne Moore (54), својот говор го започнала со цитирање на објавен прилог, во кој прочитала како добитниците на Оскар, живеат 5 години подолго и затоа и се заблагодарила на Академијата на награди, зашто нејзиниот сопруг е помлад  па добро ќе и дојдат 5 години екстра живот

John Travolta (61), оставил бројни прашалници позади себе, со необичното однесување и гушкање на многу актерки.

Догледувајќи ја Scarlett Johansson (30), како позира на црвениот тепих, John влегол во тој кадар и силно ја гушнал, а еднакво необичен пристап имал и спрема Idini Menzel (43), кое име на минатогодишниот оскар погрешно го изговорил.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode