gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Актерката Скарлет Јохансон заедно со басистката на групата „Хаим“, Есте Хаим и пејачките и авторките Холи Миранда, Кендра Морис и Џулија Халтиган, формира нова поп група наречена „The Singles“.

Музиката на бендот е опишана како „супер-поп“ инспириран од женските изведувачи како „Grimes“, „The Bangles“ и „The Go-Go's“, а нивниот прв сингл е песната „Кенди“, која ја продуцираше Дејв Ситек од бендот „TV On The Radio“.
- Сакав да звучиме како популарните бендови - ултра-поп, но истовремено и помалку иронично и шеговито, истакна Јохансон во соопштението за јавност по повод основањето на групата.

Есте, најстарата од сестрите Хаим, кои го сочинуваат истиимениот бенд, ќе свири на тапани. „Хаим“ е калифорниска поп-рок група која ја сочинуват три сестри - Есте, Даниел и Ален Хаим.

Претходните музички проекти на Скарлет Јохансон вклучуваат два албуми, „Anywhere I Lay My head“ од 2008 година со обработка на песни на Том Вејтс, а една година подоцна е објавена и „Break Up“ со Питер Ворен. Таа, исто така, се појави и во музичкото видео на Боб Дилан „When the Deal Goes Down“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode