gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометарите на Вардар денеска ќе го добијат противникот за осминафиналето од Лигата на шампионите. Потенцијални ривали на „црвено-црните“ се екипите од третиот „шешир“: Загреб, Висла и Данкерк, додека Вардар не може да игра со Рајн Некар Ловен, бидејќи двата тима играа во истата група.

Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе биде полудиригирано. Првопласираните екипи ќе играат против четвртопласираните и второпласираните против третопласираните. Притоа екипи кои играле меѓу себе во групната фаза не може да се сретнат во осминафиналето.
Прв „шешир“: Кил, Барселона, Веспрем и Киелце.
Втор „шешир“ : ПСЖ, Колдинг, Вардар и ПИК Сегед.
Трет „шешир“: Загреб, Висла, Рајн Некар Ловен и Данкерк.
Четврт „шешир“: Ла Риоха, Флензбург, Монпеље и Алборг.

Првите натпревари се играат на теренот кај екипите од третиот и четвртиот „шешир“ во термините од 11-15.март, а реваншите на теренот кај екипите од првиот и вториот „шешир“ 18-22.март.

Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи во Виена со почеток во 12:30 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode