gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Постојат многу причини за лошото здравје кај човекот. Четири најчести причини се: лоша исхрана, пушење, недостаток на физичка активност и алкохол. Од сите наведени причини, физичката неактивност најмалку е позната.

girlexercises

Новата студија од Велика Британија, укажува на важноста на физичката активност за здравјето на човекот, како и за советите и препораките за вежби.

Во студијата се наведува колку е непозната улогата на физичката неактивност. Лекарите ја нарекуваат и чудотворен  лек, зашто го намалува ризикот од многу болести, и тоа од 20 до 50%.

Се препорачува вежбање од минимум 30 минути 5 пати неделно.

Добри страни на физичките активности:

- 40% помал ризик од срцеви заболувања

- 50% помал ризик од висок крвен притисок

- 50% помал ризик од дијабетес од типот 2

- 30% смален ризик од дименција

- 25% помал ризик од ракот на дојката

- 45% помал ризик од рак на цревата

Лекарите треба да имаат главна улога во уверувањето и советувањето на пациентите за значењето и зголемувањето и на мининимални физички активности, укажувајќи им на едноставни вежби, како што се: брзо одење, возење точак, качување по скали, танцување и водење љубов.

Заклучок на британските лекари е дека не постои ограничување на физичките активности. Се нагласува дека не треба да се прават вежби само за одредена потреба или болест, туку тие се општо добро за здравјето на секој човек.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box