gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Холивидскиот актер Харисон Форд е повреден и итно пренесен во болница,откако неговиот мал авион се урна врз еден терен за голф во реонот на Лос Анџелес.

Форд (72) самиот пилотирал со едномоторниот авион, кога леталото почнало да ја губи висината, па неможејќи да долета до аеродромот во Санта Моника каде актерот патувал, авионот удрил на земјата.

При падот, авионот останал без предниот дел, а од силината на ударот Форд бил исфрлен од своето пилотско седиште и останал на теренот,каде го пронашле екипите за прва помош.

Според американските медиуми,инцидентот се случил во четвртокот,во 14,20 часот по локално,или во 23,20 по средноевропско време.

На местото на удесот веднаш се нашле екипи за спасување и полицијата, која отворила истрага за причините за уривањето.

Лекарите кои први дошле до повредениот актер, подоцна изјавиле за локалните медиуми дека Форд дишел и бил свесен, но во пределот на главата имал повеќе исеченици и повреди. Засега нема сознанија за неговата вкупна здравствена состојба.

Харисон Форд е ѕвезда на американскиот филм кој во својата долга кариера има настапувано во повеќе десетина филмови.Најголема слава има стекнато со улогите во серијата филмови за Индијана Џонс и за „Војната на ѕвездите“.

Подоцна оваа година, Форд треба одново да го толкува својот некогашен филмски лик Хан Соло,во новото продолжување од серијата „Војната на ѕвездите“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode