gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Американската актерка, оскаровката Сузан Сарандон (68) го остави нејзиниот 30 години помлад партнер, поради телевизиско реално шоу, објавија денеска медиумите во САД.

Сарандон пет години беше во врска со 37-годишниот Џонатан Бриклин, но неодамна прекинала со него, затоа што тој се согласил двојката шест месеци да учествува во една телевизиска програма во живот, каде се снимаат секојдневните и банални активности на учесниците.

Актерката тешко ја поднела идејата за загрозување на нејзиниот приватен живот, сметајќи дека присуството на телевизиските екипи би ја уништило нивната врска.

Реалното шоу „Connected“ треба да почне да се прикажана во САД на 31 март.

Сузан Сарандон освои Оскар за најдобра женска улога во филмот „Dead Man Walking“ во 1995 година. Меѓу нejзините најпознати филмови се и „Телма и Луиз“ (1991) и „Вештерките од Иствик“ (1987).

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box