Напишано од Надица Среда, 18 Март 2015 11:24
Австралиската полиција ја запре ѕвездата на холивудските акциски филмови и поранешниот калифорниски гувернер Арнолд Шварценегер, затоа што возел велосипед без заштитен шлем (кацига), објавија локалните медиуми.
Шварценегер беше во Мелбурн за да го води натпреварот во бодибилдинг и да присуствува на трката Форумла 1.
Во тој град противзаконски е да се вози велосипед без заштитна кацига.
Но наместо полицијата да го казни славниот актер, тие го испратија до првата продавница каде може да се купи велосипедски шлем.