gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Викендов се појави трејлерот на петтото продолжение на популарниот акциски филм „Невозможна мисија“, кое е насловено „Mission: Impossible - Rogue Nation“.

Досега се знаеше многу малку за ова проодлжение на популарниот серијал, освен дека насловната улога повторно ќе ја толкува Том Круз.

Филмот ги следи напорите на Хант (Том Круз), Бенџи (Сајмон Пег) и Бранд (Џереми Ренер) за разбивање на синдикатот на агенти, за кои дознаваат дека се нивни непријатели.

Во трејлерот на „Невозможна мисија 5“ се појавуваат и Алек Болдвин и Ребека Фергусон.
Од видеото може да се заклучи дека и во ова продолжение Том Круз ќе изведува неверојатни зафати, па така во една сцена тој со раце се држи за авион што полетува.

Премиерата на „Mission: Impossible - Rogue Nation“ е закажана за 31 јули.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode