gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со двата четвртфинални дуела што се играат денеска во Веспрем стартува завршниот турнир на СЕХА лигата каде титулата ја брани македонската екипа Вардар.

Први на теренот денеска во „Веспрем Арена“ ќе се појават екипите на Мешков Брест и Нексе (третиот и шестиот од првенствениот дел), а почетокот е во 17 часот и 45 минути.

Победникот од овој натпревар во петок ќе игра против Вардар (втор во лигашкиот дел) во првото полуфинале.
Во терминот од 20часот и 15 минути е дуелот меѓу ППД Загреб – Татран Прешов (четвртиот и петтиот тим од лигашкиот дел).

Победникот од овој дуел во второто полуфинале ќе игра против организаторот на завршниот турнир унгарски Веспрем (прв од лигашкиот дел).

Финалето и дуелот за третото место се играат на 29.март во недела. Инаку, досега Вардар има освоено две титули, а Загреб една.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode