gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Популарниот британски пејач Роби Вилијамс на првиот концерт од неговата турнеја „Let me Entertain You“, што се одржа во шпанскиот главен град Мадрид, се појави со платинесто руса коса и со рогови од бик на главата. 

Вилијамс ги воодушеви присутните во мадридскиот центар „Беркликард“ со изведба на низа свои хитови, а посебна еуфорија предизвика преработката на песната „Боемска рапсодија“ на групата „Квин“ од 1975 година. Во дует со неговиот татко, Роби ја изведе и песната „Better Man“.

По концертот во Мадрид, Роби ќе ја продолжи турнејата со настапи во Барселона, Париз, Рига, Москва, Братислава и Линц, а таа ќе заврши на 2 мај во Израел. 

Во 2006 година Роби Вилијамс влезе во Гинисоавата книга на рекорди со продадени 1,6 милиони влезници за концерт во еден ден.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode