gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми постигна победа во мечот од 3.коло на Мастерсот во Мајами.

Тој синоќа беше подобар од Стив Дарсис со 2:0 (6:0 и 7:5) во сетови. Негов следен ривал ќе биде Александар Долгополов, кој со истиот резултат го победи Томас Белучи.

Кај мажите пласман во следното коло обезбедија: Кеи Нишикори, Давид Гофин, Милош Раониќ, Давид Ферер, Жил Симон и Џон Изнер.

Кај жените победничката од претходниот Мастерс во Индијан Велс Симона Халеп ја совлада Флавија Панета со 2:0 во сетови.

Турнирот заврши за Каролине Возниацки, која загуби со 2:0 од Венус Вилијамс, додека пласман во четвртфиналето обезбедија уште Серена Вилијамс, Карла Суарез Наварао, Каролина Плишкова, Андреа Петковиќ, Сабине Лисицки и Слоу Стивенс.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode