gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Светската музичка ѕвезда Роби Вилијамс ќе одржи концерт во Белград на 17 јуни во рамките на турнејата „Let Me Entertain You", потврдиле денеска на конференцијата за новинарите организаторите на белградскиот концерт, пренесува „Танјуг“.

Британската ѕвезда во Белград ќе го претстави новиот албум „Under The Radar Volume 1“, а неговите фанови во живо ќе може да ги слушнат и големите хитови како што се „Angels”, „Feel” и „No Regrets”.

За актуелната турнеја на Роби Вилијамс, „Гардиан“ оценува дека е една од најдобрите на светската сцена во тековната деценија.

- Ако некој оваа година пружа повеќе забава од Роби Вилијамс, со подготвеност на концертот да и се предаде на публиката до крај, би сакале тоа да го видиме - наведува весникот „Гардиан“.

Како што се наведува во соопштението, цената на влезниците за белградскиот концерт почнува од 3.990 динари, а продажбата ќе почне од понеделник 6 април, пренесува „Танјуг“.

Пејачот Роби Вилијамс стигнува во Белград во организација на “Егзит тим“, а неговиот концерт ќе се одржи на Ушче, на 17 јуни.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode