gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Актерот Даниел Крејг бил подложен на операција на коленото, кое го повредил при снимањето на новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, јави Би-Би-Си.

Продуцентската компанија „Еон Продакшан“ соопшти дека операцијата била извршена во Њујорк за време на велигденскиот одмор во снимањето на 24-от филм за агентот 007 - „Spectre“.

- За време на одморот на Даниел Крејг артроскопски му беше оперирано коленото. Тој ќе се врати на снимањето на 22 април, информира компанијата.

Снимањето на новот филм за Бонд почна лани во декември во студијата на „Пајнвуд“ во Бакингемшир, по што делови беа снимани и во Рим и Мексико.

„Spectre“ е четврти филм во кој Крејг го толкува Џејм Бонд. Премиерата на овој филм е закажана за 6 ноември.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode