gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Недостигот на сон е еден од честите проблеми со кои се соочуваат луѓето на сите возрасти.


Земањето на апчиња може да биде опасно, па затоа потребни се други природни и здрави решенија. Треба да се направат само помали промени во исхраната.

Банани
Бананите содржат калиум кој ги опушта мускулите. Богати се со витамин Б6 кој го зголемува нивото на мелатонин во телото, а мелатонинот помага во лечење на хронична несоница.

Црешни
Пијте сок од црешни во утринските часови, тој помага во регулирање на сонот и во енергетските циклуси.

Житарки
Јадењето на житарки со ниска количина на шеќер секогаш е добра идеа. Житарките се богати со јаглехидрати и го зголемуваат нивото на тритофан во крвотокот, кој помага да заспиете.

Бадеми
Бадемите содржат високо ниво на магнезиум кој ги опушта мускулите и го подобрува сонот. Богати се со протеини кои го одржуваат нивото на шеќерот во крвта стабилно. Исто така помагаат во префрлување од адреналински циклус на циклус на одмор и варење.

Сладок компир
Слаткиот компир е богат со калиум и со комплексни протеини, ги опушта мускулите и помага на човекот да заспие. Секојдневно конзумирајте сладок компир, кој доведува до подобар и поквалитетен сон.

Топло млеко
Чаша топло млеко прави чуда. Истражувањата покажаа дека комбинирањето на млеко со храна богата со јаглехидрати како снегулки и тост, доведува до уште подобри резултати кога се работи за сонот. Калциумот и другите минерали имаат релаксирачки ефект.

Мед
Глукозата во медот зборува на мозокот да го исклучи орексинот кој организмот го одржува буден. Но, не треба да се претерува. Доволна е една лажица мед дневно.

Темно чоколадо
Млечното чоколадо заменете го со темно, бидејќи содржи серотонин кој го релаксира и телото и духот, што доведува до сон.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box