gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Мајами откако во финалето го победи Енди Мареј со 2:1 во сетови (7:6 (7:3), 4:6, 6:0).

Првите два сета минаа во изедначена борба во кој првиот му припадна на Ѓоковиќ во тај брејкот, а вториот го освои Мареј со брејк предност.

На паузата меѓу вториот и третиот сет Ѓоковиќ имаше жесток дијалог со судијата на стол.

Во решавачкиот сет „разлутениот“ Ѓоковиќ на ривалот не му дозволи да освои ниту еден гем.

Ова за Ѓоковиќ беше 51.титула во кариерата, а трета оваа година по Австралија Опен и Индијан Велс.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode