gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Новак Ѓоковиќ по втор пат во кариерата победи во изборот на Laureus фондацијата, за најдобар спортист на планетата. Првиот рекет на светот победи во конкуренција на фудбалерот Kristijan Ronaldo, возачот на формула еден Luis Hamilton, мотоциклистот Mark Markes, атлетичарот Renoa Lavilenija и голферот Rori Maklorija.

Оваа награда се доделува од 2000 година, а ја врачува фондацијата Laureus, која годишно издвојува околу 40 милиони евра за помош на младите спортисти во 91 држава.


Победникот го бира жири, чии членови се спортски легенди.

 - Денес сум прогласен за најдобар спортист на годината од страна на Laureus фондацијата. Оваа награда е една од најпрестижните во светот на спортот и на мене најдрага. Оваа сезона е една од најдобрите во мојата кариера, остварив многу големи успеси, и работни и приватни, но мора да истакнам дека тоа не е исклучиво моја заслуга. Голема благодарност им должам на својот тим и семејството, кои многу ми помогнале и без кои не би бил ова што сум денес.

Благодарам на Laureus фондацијата, институција која ги собира спортските легенди и која се грижи за младите низ светот. Спортот е инспирација и мотивација за многу од нас и јазик кој сите го разбираме и сакаме. Спортот е често охрабрување за децата да вежбаат и сонуваат, но тоа не се само трофеи и медали, туку натпреварување и надградба, како пат кон подобри поединци – порачал Ѓоковиќ.

Поради обврски на турнирот во Монте Карло, не можел да присуствува на свеченоста во Шангај и затоа наградата му ја врачила принцезата Шарлин од Монако.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode