gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев во изјава за српските медиуми рече дека единствениот спас за состојбата на фудбалот на овие простори е формирање регионална фудбалска лига.

- Квалитетот на фудбалот бележи пад од година во година. Зборувам веќе 15 години дека единствен спас за нашиот регион е „АБА“ фудбалска лига. Без разлика на противниците на оваа теза, сметам дека ништо не може да нè спаси ако не се врати Ју-лигата. Овој фудбал по квалитетот не е ниту 20 проценти од она што го игравме ние во наше време.

Тој е само за домашна употреба и не е конкурентен во Европа, истакна Панчев.
Според него најголем проблем на балканските клубови се финансиските средства поради што не може да се обезбедат квалитетни играчи на подолг рок.

- Квалитетот на фудбалерите е сомнителен. Последниве години речиси и да ги нема. Многу од играчите кои сега настапуваат во поголемите клубови тешко дека би ги поминале критериумите кои важеа порано во времето кога Црвена звезда беше европски првак.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode