Напишано од Eлена Четврток, 23 Април 2015 12:39
Како и во многу европски градови така и во Скопје, One Republic на први јуни доаѓаат заедно со The Makemakes како специјални гости на нивниот концерт.
Австриските поп рок звезди The Makemakes за неверојатно кратко време стануваат една од најпопуларните групи во својата држава, а се повеќе се шири и бројот на нивните фанови и во цела Европа.
Нивната популарност во Австрија е толку голема што оваа година убедливо победуваат на изборот на песна за Евровизија во Австриа и ќе ја претставуваат својата земја со песната „ I am yours”.
Како што претходно Ве информиравме билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе
http://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations како и онлајн на http://www.kupikartizase.com/Events/one_republic_2015 по цена од:
Партер - 990,оо денари
Трибина (седење) - 1200,оо денари
Фан Пит - 1500,оо денари
ВИП - 1500,оо денари