Напишано од Eлена Четврток, 23 Април 2015 13:19
„Целта на песната ми е да ги пренесам сите емоции кои ги чуствувам во овој период од годината. Некако сè се буди, сè е разиграно, весело и изнудува чувство на среќа. Истите овие емоции сакам да ги почуствуваат сите кои ја слушаат песната и да ги разбудат пеперутките во себе" – вели Сара Мејс за нејзиниот нов сингл кој е насловен Пеперутки.
Музиката е дело на Сара Мејс и Драган Гоцевски, текстот е на Сара, а за аранжманот се погрижи Трајко Симоновски – Таци.
За овој сингл од Горила продукција велат дека наскоро ќе има и видео, кое е во процес на снимање, а благодарение на Министерството за култура, овој нов проект на Сара доби и субвенции.