Напишано од Eлена Четврток, 30 Април 2015 12:18
Доручек – рецепт за витка линија.
Оваа едноставна комбинација ќе ве снабди со потрбната енергија
Добри и здрави идеи за вкусен доручек-никокогаш доволно, затоа ви нудиме здрав рецепт кои ќе ве снабди со енергија потребна за полесен почеток на работниот ден.
Рецепт за најздрав доручек – зобена каша
Состојки: две шолички зобени пахуљици, една шоличка пченкарен гриз, малку морска сол, осум шолички вода, две лажици испржено и сомелено семе од сончоглед или тиква.
Припрема: во зовриената вода се додава солта, се вмешува пченкарниот гриз, а потоа зобените пахуљици. Се намалува топлината и се вари 20 минути со мешање на смесата.
Пред сервирање се посипува со мелените пржени семки од тиква или сончоглед.