Напишано од Eлена Понеделник, 04 Мај 2015 14:50
Калиопи на својата бројна публика и го подари новиот сингл “Мојот дом”, кој што судејќи по првичните рекции на слушателите се очекува да стане голем хит.
Синглот денеска, заедно со неговиот видео запис, премиерно е објавен на службените социјални мрежи на Калиопи - Facebook, Youtube и Tweeter, како и низ медиумскиот етер ширум Македонија и Балканот.
“Само затвори очи и силно гушни ме, не предавај се, оваа љубов твој е дом” - пее Калиопи во својата песна произлезена повторно од работилницата на Ромео Грилл, кој ја потпишува музиката, аранжманот и продукцијата на песната а за текстот е заслужна самата Калиопи.
“Мојот дом” се снимаше и миксаше во ГМП студио во Базел и М1 студио во Скопје, а мастерингот се правеше во МСМ студио во Минхен.