gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со изведба на претставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ на театарот „Софија“ од Софија, во режија на Лилија Абаџиева, вечер ќе биде отворено второто издание на Меѓународниот театарски фестивал МНТ-Фест.

На МНТ-Фест, кој ќе трае до 3 јули, ќе настапат националните театри од повеќе земји од регионот и пошироко, а ќе има и работилници, изложби и предавања...Кон крајот на МНТ-Фест на почетокот на јули, премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Чикаго“, прв лиценциран мјузикл во Македонија, правен по комплетна лиценца по сите правила и прописи на Бродвеј.

Во рамки на МНТ-Фест на 2 јуни Националниот театар од Будимпешта ќе настапи со претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Давид Доиашвили, на 5 јуни Народно позориште Белград ќе настапи со претставата „Бело кафе“ од Александар Поповиќ, во режија на Милан Нешковиќ, на 6 јуни преку Фестивал ФИАТ од Подгорица гостува претставата „Три сестри“ од Антон Павлович, а во адаптација и режија на Ана Вукотиќ и Слободан Милатовиќ, а на 8 јуни Турскиот државен театар од Истанбул ќе настапи во претставата „Кога ова би било филм“ од авторот Алмир Имширевиќ, а во режија на Билге Емин.

На 20 јуни ќе има една многу интересна копродукција меѓу Националниот театар од Модена и Националниот театар од Тбилиси, Грузија, а тоа е претставата „Дневникот на еден лудак“ од Николај Васиљевич Гогољ, во режија на Леван Цуладзе.

Во рамки на МНТ-Фест ќе има отворени два дена за младите автори и за независните проекти од Македонија. Ќе се одржат и два разговори: со Лилија Абаџиева денеска напладне на тема „Мојот театар“ и со режисерот и директорот на Националниот театар од Будимпешта, Атила Видњански.

Во рамки на МНТ-Фест ќе се одржат и две работилници отворени за актери, режисери, музичари, сценографи, костимографи и за сите љубители на театарот, едната со Горан Трајковски на тема „Музиката во театарската претстава“, а другата со сценографот Валентин Светозарев на тема „Создавање на театарски светови“

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode