gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

По возобновувањето на приказната за „Терминаторот“, Арнолд Шварценегер сега ќе се зафати и со „оживување“ на уште еден лик кој придонесе за неговата светска слава.

Имено, како што објавуваат американските медиуми, Шварценегер ќе работи на продолжение на филмот „Конан Варваринот“ од 1982 година, кое е наречено „Легендата за Конан“.

Снимањето на новиот филм го најави и режисерот Крис Морган, кој изјави дека нема да станува збор за римејк на филмот од 1982 година, туку за негово продолжение.  
- Се работи за логично продолжение на ликот создаден во филмот од 1982 година. Во новиот филм Конан ќе биде старец, кој го проживеал животот како крадец, воин, гусар, крал и легенда, истакна Морган.

Тој даодава дека планира да сними филм што ќе биде верен на визијата на делото од 1982 година, во прилог на што говори и фактот дека на новото продолжение ќе работат речиси сите оние што го снимале и „Конан Варваринот“.

- Првиот филм беше брутален. Всушност, Конан и го сакаме поради неговата политичка некоректност. Тој не размислува, туку дејствува. Студиото бара од нас да создадеме продолжение достојно на филмот од 1982 година, нагласи Морган.

Тој нагалси дека во „Легендата за Конан“ ќе настапат најмалку тројца глумци што настапија и во „Конан Варваринот“, но не откри кои.

Американските медиуми тврдат дека снимањето на „Легендата за Конан“ ќе почне следнава есен, откако Шварценегер ќе заврши со промоцијата на фимот „Терминатор: Генезис“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode