gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Докажано реализираниот музички тандем Калиопи - Ромео Грил ни представува уште еден исклучителен хит-сингл насловен “Пожели”!


После одличниот прием на песната “Мојот дом”, која на големо го освои балканскиот етер, бројните обожаватели на Калиопи можат да уживаат во уште еден потенцијален поп-рок хит, креиран во стилот на општо саканиот евровизиски сингл “Црно и бело”.

Оваа врвно продуцирана нумера, својата премиера стандардно ја имаше на социјаните мрежи и официјални канали на Калиопи - Youtube, Facebook i Tweeter.

Песната “Пожели” е снимана и миксана во ГМП студио во Базел и М1 студио при МРТ во Скопје, а мастерингот е правен во МСМ студио во Минхен.

Синглот го прати и интересен видео спот снимен во Скопје, за чија реализација беше задолжена повторно екипата на Томато продукција.

Погледнете го и видео спотот за песната “Пожели” и истата може да ја слушате како Фортуна Хит на секој час на Радио Фортуна.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode