Напишано од Eлена Понеделник, 08 Јуни 2015 13:40
Погледнете го најновото видео на Дани за нејзиниот последен сингл насловен "Слободна Песна".
Позитивна, енергична, оригинална и храбра се епитети кои ја опишуваат Дани како музички артист во 17те години на сцената, но ова дело текстуално завзема револуционерен став кон себе постоењето, па затоа е поразлично од се останато.
Режисер на видеото за "Слободна Песна" е долгогодишниот соработник на Дани, Огнен Шапковски и Мелем Продукција. Локацијата е над Нерези на една фина дива пољана. Атмосферата е мала хипичка комуна.
Слободна е песната на срцето. Да ја пееме, да ја искажеме таква каква што е! - вели Дани.
Уживајте!
"Слободна песна за слободен човек,
Слободен човек за слободен свет!"